Почитувани членови и пријатели,
на 10.12.2011 (сабота), во Амфитеатарот на Клиниката за детски болести,
во 10 чаот ќе се одржи состанокот на ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА со следниот дневен ред:
- Активности и новини поврзани со здружението и третманот на болеста во изминатиот период.
- Веб–страната www.cf.mk на Здружението како орудие за ефтина комуникација, пристап кон најновите сознанија поврзани за третманот на болеста и место за изложување на проблемите со кои се судираат членовите.
- Информација за донации кои се во тек и дефинирање на приоритети при нивната распределба.
- Курс за физикална терапија
- Мултивитамински препарати и тековни проблеми околу подигнувањето на набавените количини и пронаоѓање на можни решенија.
Ви благодарам за Вашето присуство и интерес.
Снежана Бојчин,
Претседател









