Под мотото ,,Да ја вратиме насмевката на нивните лица и надежта во нивните очи,, Охридска банка, Црвен Крст на РМ и Здружението за цистична фиброза се ангажираа и дејствуваа со цел подобрување на квалитетот на животот на лицата болни од цистична фиброза. Болните лица се претежно деца и сосема млади луѓе, сите пациенти при Клиниката за детски болести–Скопје, единствена установа во која имаат можност да се лекуваат. Здружението презема активности за обезбедување на донации за подобрување на условите за третман во одделот за цистична фиброза, при Клиниката за детски болести. Двата инхалатори се наменети за децата кои страдаат од оваа болест за кои нивните родители немаат можности да ги набават.
Соработката помеѓу Охридска банка и Црвен крст за време на неделата на солодарност со оваа акција преминува во традиционална, како надоврзување на хуманитарните акции организирани претходните години.













