• Често кашлање, продукција на густ секрет
• Чести пневмонии – како болест
• Заостанување во растот или губиток на тежина, наспроти нормален
(или дури голем) апетит
• Проблеми со цревата
• Блокирани црева (зачепени) кај новороденчиња
Друга карактеристика кај децата со ЦФ е тоа што нивната пот е многу солена. Потта на сите нас е солена, но кај децата со ЦФ потта е многу солена.Тоа најчесто е прво забележано од родителите кога ќе го бакнат своето дете или ќе забележат солени кристали на кожата.Тестот кој се користи и помага во поставувањето на дијагнозата е наречен потен тест и тој го открива екцесивното присуство на сол во потта.








