1. Развој на специјализиран Центар за ЦФ на Клиниката за детски болести, со мултидисциплинарен тим кој може да обезбеди сеопфатна грижа за пациентите.
2. Тренинг и едукација на доктор и на физиотерапевт во развиени ЦФ центри во Европа, со поддршка на интернационални фондации.
3. Примена на современи форми на третман на ЦФ, особено во однос на антибиотските режими за лекување и контрола на респираторните инфекции и нови физиотерапевтски методи на градниот кош (АЦБТ, Flutter, PEP System).
4. Воведување на соодветна нутритивна проценка и нутритивно водење на болните со ЦФ, со цел да се одржи адекватен нутритивен статус, што е од големо прогностичко значење за болеста.
5. Воспоставување на регуларни контроли и периодични проценки на пациентите за да се овозможи рана детекција на било какво влошување на состојбата на болните и рана соодветна интервенција за да се минимизираат компликациите.
6. Мотивација на родителите и пациентите да го прифатат и спроведуваат препорачаниот третман. Родителите секогаш се дел од тимот и без нивна мотивација и соработка не може да се постигне успех во лекувањето.
7. Подобрување на информираноста за болеста во општата популација, помеѓу лекарите и државните авторитети одговорни за здравствената заштита во земјата (Министерството за здравство и Фондот за здравство на Република Македонија), со цел да се добие општествена поддршка за подобрување на условите за лекување и достапноста на терапијата на болните со ЦФ.
8. Формирање и регистрирање на Здружение на родителите и пациентите со ЦФ како невладина организација, кое со својата активност ќе помогне во остварување на основната цел - подобрување на третманот и целокупната грижа за пациентите со ЦФ во Република Македонија. Македонското здружение за ЦФ активно да учествува во работата и програмите на Европското и светското здружение (CFW – Cystic Fibrosis Worldwide) за ЦФ.
Во Центарот за ЦФ постои тим од 9 члена, кој го сочинуваат:
- Проф. д-р Стојка Фуштиќ, раководител на тимот – експерт за ЦФ
- М-р Татјана Јаќовска, доктор специјалист со широки познавања за ЦФ
- М-р Лидија Спиревска, доктор спец нутриционист
- М-р Тања Зорчец, психолог
- Биљана Пецевка, виша медицинска сестра со тренинг за белодробна физикална терапија (врши функција на сестра и физиотерапевт)
- 4 медицински сестри
Со воведување на современата терапија на ЦФ согласно доктринарните ставови и редовни контроли на болните, се обезбедува квалитетно и долготрајно преживување на афектираните лица.








