- 15 Февруари 2012
- Објавено во Новости
Почитувани членови и пријатели,
на 10.03.2012 (сабота), во Амфитеатарот на Клиниката за детски болести, во 10 часот ќе се одржи состанок на ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА со следниот дневен ред:
- Осврт на актуелни настани поврзани со третманот на ЦФ кај нас и во Европа, Проф.др. С. Фуштиќ
- Импресии од стручниот престој во Универзитетската болница во Брисел во организација на Здружението за ЦФ, Др. Г. Мирчевска, микробиолог
- Извештај за текот на средбата со Директорите на ФЗОМ (10.01.12) и обврските кои ги презеде Здружението, Снежана Бојчин,претседател
- Заокружени проекти, проекти во тек и проекти во најава- одобрување , Снежана Бојчин,претседател
- Проект –регулиран увоз и рефундација за мултивитаминскиот aquADEKs, Снежана Бојчин,претседател
- Разно
Ви благодарам за Вашето присуство и интерес.
Снежана Бојчин,
Претседател








