- On: 12 Август 2010
- In: За Цистична Фиброза

Цистичната фиброза е честа болест, која кај европската популација афектира околу едно на 2500 новородени деца. Тоа значи дека на 10.000 деца родени секоја година четири ќе имаат цистична фиброза.
Цистичната фиброза (ЦФ) е генатска болест која ги афектира и машкиот и женскиот пол. Децата се раѓаат со ЦФ и тоа не се менува во текот на животот. Тоа значи дека цистичната фиброза не се добива како заразна болест или не поминува од едно на друго дете. Бидејќи детето е родено со ЦФ, таа е исто така позната како конгенитална или наследна болест.
- On: 07 Октомври 2010
- In: За Цистична Фиброза
Вие ќе изберете на кого и кога да кажете дека вашето дете има ЦФ. Подоцна вашето дете ќе реши за себе кому ќе каже. Некои луѓе претпочитаат да не им кажат на другите за нивните проблеми и изборот треба да се почитува. Меѓутоа понекогаш тоа може да биде смирување и утеха да имаш некој да зборуваш особено кога вашето дете има долго хронична состојба. Некои семејства наоѓаат утеха во религија и молитва.
- On: 07 Октомври 2010
- In: За Цистична Фиброза
Едно од прашањата што родителите ги поставуваат е дали нивното дете може да добие друга полоша болест од ЦФ во текот на престојот во болницата.
Потребата од болница вообичаено значи дека се потребни посебни антибиотици во борбата против инфекцијата на белите дробови. Ризикот да не дозволите вашето дете да оди во болница за спроведување на лекувањето ја зголемува екстремно ретката можност да добие полоша болест.
- On: 07 Октомври 2010
- In: За Цистична Фиброза
За повеќе информации обратете се до :








